Јужнокорејската авторка Хан Канг е добитничката на годинашната Нобелова награда за литература. Нобеловиот комитет објави дека 53-годишната Канг е наградена за „нејзината интензивна поетска проза која се соочува со историските трауми и ја разоткрива кревкоста на човечкиот живот“.
Канг во 2016 ја доби и престижната Букерова награда за романот „Вегетаријанка“, една од нејзините први книги преведени на англиски јазик.
Канг почнала да објавува поезија во 1993, а две години подоцна ѝ излегол првиот роман.
Ова е првата Нобелова награда за литература за Јужна Кореја.