КИНОПРЕМИЕРА НА „УБИЈ ГИ ПРВО ДЕЦАТА“ ОД ДИМИТАР ОРОВЧАНЕЦ ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕ

    КИНОПРЕМИЕРА НА „УБИЈ ГИ ПРВО ДЕЦАТА“ ОД ДИМИТАР ОРОВЧАНЕЦ ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕФилмот имаше светска премиера на 19 август на 30. Филмски фестивал во Сараево. (Фото: ИМБД)

    Вечерва од 20 и од 20.20 часот во скопското кино „Синеплекс“ е кинопремиерата на дебитантскиот филм на Димитар Оровчанец, „Убиј ги прво децата“.

    „Убиј ги прво децата“ е во продукција на „Трис филмс“ и „ДМФ филмс“. Продуценти на филмот се Атанас Георгиев и Дејан Илиев, и беше поддржан со 20 милиони денари (325 илјади евра) на Конкурсот во прв рок за 2020 на Агенцијата за филм, а се снимаше во 2022 во Скопје.

    Во филмот играат Миа Жиро, Стефан Спасов, Мартин Ѓоргоски, Адриан Азири, Александар Ѓоргиески, Стефан Вујисиќ и други. Камерата е на  Владимир Самоиловски, дизајнер на продукција е Сашо Блажевски, костимите се на Ина Чолак, сценографија на Калина Игновска, монтажата на Софија Самоиловска, а музиката на Игор Василев-Новоградска.

    Филмот имаше светска премиера на 19 август на 30. Филмски фестивал во Сараево, а го затвори 45. издание на Интернационалниот фестивал на камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола на 27 септември.

    Продуцентите велат дека „Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира