НОРВЕШКА ЌЕ ИМ ЗАБРАНИ НА ПОМЛАДИТЕ ОД 15 ГОДИНИ ДА КОРИСТАТ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

    НОРВЕШКА ЌЕ ИМ ЗАБРАНИ НА ПОМЛАДИТЕ ОД 15 ГОДИНИ ДА КОРИСТАТ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИМоментално, лицата треба да имаат најмалку 13 години за да се даде одобрение за собирање и обработка на лични податоци од страна на социјалните мрежи

    Норвешката влада сака да им забрани на помладите од 15 години да ги користат социјалните мрежи како обид да се заштитат децата од штетни содржини и технолошки гиганти. Таа планира да внесе амандман во законот за лични податоци со кој долната возрасна граница за користење социјални мрежи ќе биде 15 години.

    Тоа испраќа доста силен сигнал“, изјави премиерот Јонас Гар Стере.

    Моментално, лицата треба да имаат најмалку 13 години за да се даде одобрение за собирање и обработка на лични податоци од страна на социјалните мрежи. И покрај тоа, 53% од деветгодишниците, 58% од 10-годишниците и 72% од 11-годишниците користат социјални мрежи, според Норвешката управа за медиуми.

    Затоа следниот чекор ќе биде да се поттикне решение за проверка на возраста на социјалните медиуми. Иако оваа електронска контрола се уште не е воспоставена, норвешката министерка за деца и семејства Кјерсти Топе е убедена дека ќе испрати јасен сигнал до родителите, давајќи им легални средства да одбијат да им дозволат на нивните деца да завршат на социјалните мрежи.

    На овој начин, на родителите им се дава можност да кажат ‘не‘. Знаеме дека многумина сакаат да кажат ‘не‘, но не чувствуваат дека можат“, рече Топе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира