БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ШПАНИЈА ПОРАСНА НА 95, ПОТОПЕНИ СЕ ЦЕЛИ ГРАДОВИ И СЕЛА

    БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ШПАНИЈА ПОРАСНА НА 95, ПОТОПЕНИ СЕ ЦЕЛИ ГРАДОВИ И СЕЛАВластите предупредија дека до некои подрачја тешко може да се пристапи (Фото: ДПА)

    Бројот на загинати во катастрофалните поплави во Шпанија порасна на 95, додека спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата по десетици исчезнати луѓе.

    Силните дождови во источниот, централниот и јужниот дел на земјата доведоа до најсмртоносните поплави во изминатите три децении, при што порои од матна вода навлегоа во градови и села, заробија луѓе во нивните домови, урнаа дрвја и мостови и отсекоа населени места, патишта и железнички линии.

    Досега се регистрирани 92-ца загинати во регионот Валенсија, двајца во Кастиља ла Манча и еден во Андалузија. Повеќе од илјада војници се распоредени во погодените подрачја. Метеоролозите кажаа дека во делови на регионот Валенсија наврнало годишно количество дожд за само осум часа, поради што се поплавени патишта, земјоделски површини и цели населени места.

    Владата прогласи три дена национална жалост, а кралот Фелипе предупреди дека до некои подрачја тешко може да се пристапи, поради што некои луѓе се отсечени од светот.

    И додека врнежите попуштаат во Валенсија, метеоролозите издадоа ново предупредување за делови на Каталонија и Андалузија.

    Не смееме да се опуштиме зашто временскиот фронт и натаму прави хаос и не можеме да кажеме дека оваа уништувачка епизода е завршена“, кажа премиерот Педро Санчес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира