Се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад. На терен се седум екипи на Брза помош и три противпожарни возила, а има и повредени. Според српските медиуми, има најмалку еден загинат над 30 повредени.
Инцидентот се случил околу 12:00 часот, по што железничката веднаш била затворена. На местото на несреќата има багери и камиони кои ги расчистуваат урнатините и трагаат по граѓани кои можеби се под урнатините.
Станува збор за настрешница која се наоѓа над влезната врата во зградата на станицата, а е изградена во 1964 година. Oваа зграда за прв пат беше реновиран во 2021 година, а по неколку месеци повторно започна реновирањето на истата зграда на станицата. Официјално беше отворена на 5 јули годинава.