ДОГОДИНА ЌЕ ЗАПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА НОВ МОСТ НА ВАРДАР КАЈ БАШИНО СЕЛО, НАЈАВИ ДИРЕКТОРОТ НА ЈПДП КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ

    ДОГОДИНА ЌЕ ЗАПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА НОВ МОСТ НА ВАРДАР КАЈ БАШИНО СЕЛО, НАЈАВИ ДИРЕКТОРОТ НА ЈПДП КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИМостот на Вардар кај Башино Село е во критична состојба (Фото: СДК.МК)

    Откако претходната власт во два обида неуспешно бараше проектант за нов мост на реката Вардар кај Башино Село, директорот на ЈП „Државни патишта“ Коце Трајановски оптимистички најави дека тие деновиве ќе распишат нов повик. Мостот е во лоша состојба, според стручните проценки.

    Мостот на Вардар кај Башино Село е во критична состојба, затоа ЈПДП овој месец ќе објави јавна набавка за проектирање нов мост. Доколку сѐ биде во ред, изборот би бил во јануари, проектот налето би бил готов, а следната година, октомври-ноември, би започнала изградбата на мостот“, кажа Трајановски при посетата на Велес.

    Постојниот мост, чија стабилност е нарушена, е стар 53 години, изграден од ЈНА во 1971 како времен, во должина од 101 метар. Тоа е армирано-бетонски полумонтажен тип на мост. Преку него се одвива сообраќајот на тешки возила и камиони до индустриската зона на Велес, но и за регионот Азот, од каде што се носат сечена дрвена маса и камен од бројните каменоломи. Доколку се случи некакво ошетување на овој мост и тој стане неупотреблив, овие тешки возила ќе мора да минуваат низ центарот на Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира