ЕУ ДОНИРАШЕ 33 ВОЗИЛА ЗА МВР ВРЕДНИ 800.000 ЕВРА

a:1:{s:9:"td_source";s:41:"Скопје,(САКАМДАЖАМ.МК)

    ЕУ ДОНИРАШЕ 33 ВОЗИЛА ЗА МВР ВРЕДНИ 800.000 ЕВРА

    Европската унија донираше 33 теренски возила за македонското МВР, наменети за граничната полиција и за Центарот за управување со кризи. Донацијата ја предаде еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан. Станува збор за донација на 33 теренски возила од марката „Сангјонг рекстон“, во вредност од 800.000 евра. Од нив, 31 се за потребите на граничната полиција, а две се за ЦУК.

    „Европската комисија стои покрај вас и ќе продолжи да биде покрај вас и во иднина. Мигрантската криза помогна да се илустрира како вашата земја, но и целиот Западен Балкан, е дел од европската целина и како се работи заедно во справувањето со предизвиците“, рече Хан на церемонијата во кругот на МВР.

    Пред четири дена, Владата на Сојузна Република Германија на македонското МВР му подари четири возила „Дачија дастер“ во вредност од 60.000 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира