ЌЕ ИМА ОПИПЛИВ ОДГОВОР АКО РУСИЈА БИДЕ НАПАДНАТА СО ЗАПАДНИ ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ, КАЖА МОСКВА

    ЌЕ ИМА ОПИПЛИВ ОДГОВОР АКО РУСИЈА БИДЕ НАПАДНАТА СО ЗАПАДНИ ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ, КАЖА МОСКВАБајден досега јавно не ги потврдил пишувањата на американските медиуми дека дал одобрение (Фото: АП)

    Москва предупреди дека ќе има соодветен одговор ако Украина ја нападне руската територија со проектили со долг дострел добиени од западот.

    Џо Бајден досега јавно не ги потврдил пишувањата на американските медиуми дека дал вакво одобрение, туку денеска само кажа дека САД силно ги поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

    Употребата на проектили со долг дострел за напади врз руска територија ќе значи директно вклучување на САД и нивните сателити во непријателствата против Русија, како и радикална промена на суштината на конфликтот. Руски одговор во тој случај ќе биде соодветен и опиплив“, соопшти руското министерство за надворешни работи.

    Вашингтон ја правда својата одлука со присуството на севернокорејските трупи во Русија. Американските медиуми биле известени дека користењето на западните проектили со долг дострел би било ограничено на рускиот регион Курск, каде што украинските сили упаднаа во август и зазедоа значајна територија. Се верува дека севернокорејските трупи пристигнаа за да ѝ помогнат на Русија во ослободувањето на Курск.

    Украина веќе располага со проектили со долг дострел, но досега ги користеше само за напади врз окупираните делови на земјата. САД ѝ испорачаа проектили „АТАЦМС“ пред повеќе од една година, додека Франција и Велика Британија донираа проектили „сторм шедоу“, но со ограничувања со нив да не се гаѓа руска територија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира