СИНОТ НА НОРВЕШКАТА ПРИНЦЕЗА МЕТЕ-МАРИТ УАПСЕН ЗА СИЛУВАЊЕ

    СИНОТ НА НОРВЕШКАТА ПРИНЦЕЗА МЕТЕ-МАРИТ УАПСЕН ЗА СИЛУВАЊЕМариус Борг Хејби со неговата мајка, принцезата Мете-Марит (Фото: АФП)

    Синот на норвешката принцеза Мете-Марит е уапсен под сомнение дека извршил силување. Полицијата објави дека 27-годишниот Мариус Борг Хејби бил уапсен вчеравечер зашто е осомничен за прекршување на кривичниот законик што се однесува на „сексуален однос со некој кој е во несвест или од други причини не може да се спротивстави на делото“.

    Борг Хејби првпат беше приведен на 4 август по инцидент што се случил во ноќните часови во стан во Осло, при што беше обвинет за нанесување телесни повреди на жената со која бил во врска. Норвешките медиуми тогаш објавија дека полицијата пронашла нож забиен во ѕид од спалната соба. Тој повторно беше приведен во септември поради прекршување на забраната за доближување.

    Според полицијата, Борг Хејби при вчерашното апсење бил во автомобил со истата жртва на инцидентот од август.

    Мариус е син на принцезата Мете-Марит од нејзината претходна врска, пред да се омажи за принцот Хакон во 2001 и за разлика од неговите полубрат и полусестра нема официјална титула. Мете-Марит и Хакон заедно го имаат одгледано Мариус.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира