ПРВАТА ТРАНСРОДОВА КОНГРЕСМЕНКА ДОБИ ЗАБРАНА ДА ГО КОРИСТИ ЖЕНСКОТО ВЕЦЕ ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС

    ПРВАТА ТРАНСРОДОВА КОНГРЕСМЕНКА ДОБИ ЗАБРАНА ДА ГО КОРИСТИ ЖЕНСКОТО ВЕЦЕ ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕССара Мекбрајд дека ќе го почитува новото правило, иако не се согласува со него (Фото: АП)

    Спикерот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, ги поддржа плановите да им се забрани на трансродовите жени да го користат женското веце во зградата на Конгресот.

    Жените заслужуваат простори кои се само за жени“, изјави Џонсон, додавајќи дека новото правило ќе се применува во целиот Капитол Хил.

    Ова доаѓа откако неговата републиканска колешка Ненси Мејс предложи закон за воведување на ваквата забрана по изборот на Сара Мекбрајд во Претставничкиот дом. Мекбрајд е првата трансродова личност која била избрана во американскиот Конгрес.

    Јас не бев избрана да се борам за тоалетите. Тука сум да се борам за сите жители на Делавер и за намалување на нивните животни трошоци. Ова е само одвраќање од вистинските проблеми со кои се соочува земјата“, изјави Мекбрајд, додавајќи дека ќе го почитува новото правило, иако не се согласува со него.

    Новото правило ќе важи за сите простории во Капитол кои се наменети за еден пол, како соблекувални и тоалети.

    Ова е за жените и за нивното право на приватност. Нема да дозволам биолошки мажи да влегуваат во женски простори“, кажа Мејс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира