МЕЃУНАРОДНИОТ КРИВИЧЕН СУД ВО ХАГ ИЗДАДЕ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА НЕТАНЈАХУ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА

    МЕЃУНАРОДНИОТ КРИВИЧЕН СУД ВО ХАГ ИЗДАДЕ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА НЕТАНЈАХУ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВАOбвинителот на судот Карим Кан уште во мај побара апсење на Нетанјаху (Фото: АП)

    Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, бившиот израелски министер за одбрана Јоав Галант и за воениот заповедник на Хамас, Мохамед Деиф, за кого израелската војска кажа дека бил убиен во јули.

    Судиите кажаа дека постојат разумни основи дека тројцата сносат кривична одговорност за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени за време на војната помеѓу Израел и Хамас. Тие ги отфрлија обвинувањата.

    Сега им останува на 124-те членки на судот да одлучат дали ќе ги спроведат налозите. Израел и САД не се членки на судот.

    Во мај, обвинителот на судот Карим Кан побара апсење на Нетанјаху, Галант и на лидерите на Хамас, Исмаил Ханијех и Јахја Синвар, кои во меѓувреме беа убиени. Досега нема официјални докази дека и Деиф е мртов.

    Случајот на обвинителството се однесува на настаните од 7 октомври 2023, кога Хамас упадна во јужниот дел на Израел, при што уби околу 1.200 луѓе и зеде 251 заложник. Израел одговори со воена акција за елиминација на Хамас, за време на која биле убиени најмалку 44.000 луѓе во Газа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира