СКОПСКОТО КАФУЛЕ „ИНТЕРМЕЦО” ЗАГРАДИ ДЕЛ ОД ГРАДСКИОТ ПАРКИНГ ПРЕД ОБЈЕКТОТ ЗА ВЕЧЕРАШНАТА ЖУРКА СО ТУРСКИ ДИЏЕЈ

    СКОПСКОТО КАФУЛЕ „ИНТЕРМЕЦО” ЗАГРАДИ ДЕЛ ОД ГРАДСКИОТ ПАРКИНГ ПРЕД ОБЈЕКТОТ ЗА ВЕЧЕРАШНАТА ЖУРКА СО ТУРСКИ ДИЏЕЈСо паркингот стопанисува ЈП „Градски паркинг" (Фото: СДК.МК)

    Дел од паркингот на булеварот Теодосиј Гологанов во скопски Капиштец денеска е заграден со дрвени тараби. Со паркингот стопанисува ЈП „Градски паркинг”. Јавниот простор е заграден од кафулето „Интермецо” за потребите на вечерашната журка со турскиот диџеј Махмуд Орхан.

    За журката во „Интермецо” за гостите има два влеза. Еден е од паркингот, односно делот кој сега е заграден, а другиот е од улицата Народен фронт, која секоја вечер кога има журки е закрчена со коли.

    Во Град Скопје нема кој да се праша за да одговори кој одлучил и за колку пари е изнајмен паркингот за приватната журка.

    Жителите на Капиштец постојано се жалат на бучавата од кафулето „Интермецо“. Тоа неколку пати беше казнувано и времено затвирано од разни инспекции.

    Во предизборието оваа пролет жителите од општина Центар бара политичките партии овој проблем да го стават во своите изборни програми.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира