НЕВРЕМЕ УРНА ДРВЈА И ГО ОШТЕТИ ТАВАНОТ ВО ДВЕ УЧИЛНИЦИ ВО ГИМНАЗИЈАТА „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ВО БИТОЛА

    НЕВРЕМЕ УРНА ДРВЈА И ГО ОШТЕТИ ТАВАНОТ ВО ДВЕ УЧИЛНИЦИ ВО ГИМНАЗИЈАТА „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ВО БИТОЛАГрадоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и екипи на јавни претпријатија се на терен со цел да се расчистат локациите од урнати дрвја, гранки, лимови, огради и други предмети. (Фото: СДК.МК)

    Од силниот ветер што попладнево ја зафати Битола распука гипс картонот од таванот на две училници на најгорниот кат на гимназијата „Јосип Броз Тито“. Настанот се случил околу 14 часот додека попладневната смена изведувала настава, а надвор дувал силен ветер. Нема одронети материјали од таванот, но за безбедност на учениците тие веднаш биле пуштени дома, а екипа од Општината направила увид.

    Утре кога се очекува да се смири невремето, ќе биде извршен уште еден детален увид на покривот и таванот, со цел да се преземат мерки за санација. Воедно од увидот ќе се утврди како понатаму ќе тече наставата во двете училници на третиот кат.

    Според Управата за хидрометеоролошки работи ветерот во Битола дува со брзина од 65 километри на час, но битолчани велат дека ова е елементарна непогода. Само попладнево силниот ветер урна повеќе од десет дрвја претежно високи борови, од кои дел предизвикаа материјални штети потиснувајќи паркирани низ автомобили. Низ градот има и паднати билборди.

    Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и екипите на јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и Територијалната противпожарна единица, постојано се на терен со цел да се расчистат локациите од урнати дрвја, гранки, лимови, огради и други предмети.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира