ЛДП СТАНУВА ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ ИЛИ ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ, РЕКОА ОД ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ЗА РЕФОРМИ ВО ПАРТИЈАТА

    ЛДП СТАНУВА ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ ИЛИ ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ, РЕКОА ОД ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ЗА РЕФОРМИ ВО ПАРТИЈАТАЧленовите на иницијативниот одбор денеска на трибината обвинија дека сегашната претседателка Моника Зајкова по постапките кои ги прави сè повеќе наликува дека кокетира или намигнува на одредени политички субјекти во државата. (Фото: СДК.МК)

    Бошко Китановски, член на иницијативниот одбор за реформи во ЛДП, вели дека сè почести се гласините дека Либерално демократската партија станува друштво со ограничена одговорност или трговец поединец.

    „Изминатиот период, за жал, се почести се гласините меѓу членството дека ЛДП наместо политичка партија почнува да го губи својот идентитет и станува друштво со ограничена одговорност, да не речам и трговец поединец и ние сакаме да ја запреме таа појава и ЛДП повторно да биде политички фактор како порано“, изјави Китановски на денешната трибина „Каде оди ЛДП“ во Битола.

    Членовите на иницијативниот одбор денеска на трибината обвинија дека сегашната претседателка Моника Зајкова по постапките кои ги прави сè повеќе наликува дека кокетира или намигнува на одредени политички субјекти во државата.

    „Бараме да престане да тргува со гласот во рамките на Собранието и да ја почитува изборната волја на гласачите со кои стана пратеник. Како ИО бараме отчетност и одговорност од раководството на партијата, посебно од претседателката Зајкова , не сакаме да ја замајува јавноста дека добила потврда на мандатот од Централниот одбор на две седници. Во ниедна одредба од Статутот на ЛДП, согласност и отчетност претседателот на партијата не дава пред Централниот одбор, туку единствено пред Собранието на ЛДП. Затоа ја повикуваме да се одважи и да свика вонредно Собрание на ЛДП, на кое ќе ѝ биде или потврден мандатот или ќе ѝ биде откажана довербата“, рече Китановски.

    Зајкова исто така вчера беше во Битола, но како учесник на друга трибината „Локална демократија и отповикување на градоначалник“. Таа не присуствуваше на средбата на иницијативниот одбор.

    Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова, деновиве соопшти дека продолжува да делува независно во Парламентот и дека не е загрижена поради внатре-партиската иницијатива за нејзина смена по дистанцирањето од досегашните коалициони партнери СДСМ. Зајкова тврди дека и дека немала понуда да се приклучи кон парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ. За членовите кои бараат промена на партиското раководство рече дека се работи за 5-6 лица кои делуваат од лични причини.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира