ШВАЈЦАРИЈА ЌЕ ДАДЕ 10 МИЛИОНИ ФРАНЦИ ЗА СУЗБИВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА ВО СТРУМИЦА, БИТОЛА, КУМАНОВО, БОГОВИЊЕ, ГАЗИ БАБА И ШТИП

    ШВАЈЦАРИЈА ЌЕ ДАДЕ 10 МИЛИОНИ ФРАНЦИ ЗА СУЗБИВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА ВО СТРУМИЦА, БИТОЛА, КУМАНОВО, БОГОВИЊЕ, ГАЗИ БАБА И ШТИПВладата на Швајцарија со 10 милиони франци го финансира проектот во шест македонски општини за сузбивање на корупцијата и тоа во Струмица, Битола, Куманово, Боговиње, Гази Баба и Штип каде се промовираше проектот „Заедници со интегритет“. Фото: ( СДК.МК )

    Програмата што ја спроведува Националниот демократски институт (НДИ) е со цел да се помогне на општините во Македонија да создадат силни институционални системи и практики за интегритет кои ги минимизираат ризиците од корупција и ја зголемуваат довербата кај граѓаните. Сево ова е сведено во проектот „Заедници со интегритет“ кој започна од Штип со заедничка средба на координаторите со претставниците на општините како дел од децениската програма.

    „Проектот ќе трае 10 години поделен во три фази кои ќе бидат финансирани од Владата на Швајцарија со вкупно 10 милиони франци. Првата фаза ќе трае четири години до 2028 ќе чини 5 милиони швајцарски франци, а исто толку ќе чинат и останатите две фази од кои втората е во траење исто така од 4 години, а последните две години ќе бидат заклучни за сумирање на резултатите“, вели Дејвид Сип, виш резидентен директор на проектот.

    Според изборот на финансиерот и НДИ, програмата ќе се реализира во шест општини во Македонија и тоа во: Струмица, Битола, Боговиње, Гази Баба, Куманово и Штип, а ќе се потпира претежно на експертизите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Државниот завод за ревизија (ДЗР), Државниот инспекторат за единиците на локалната сампоуправа и министертсвата за финансии, за јавна администрација и министерството за дигитална трансформација.

    „Врз основа на редовните извештаи на ДЗР за општините, генерално земено сметаме дека постојат предизвици во управувањето со инвестициите, буџетирањето околу издавањето на лиценци и урбаното планирање и користењето на јавните површини. При тоа се потпираме и на досегашните јавни анкети кои покажуваат дека над 60 насто од граѓаните се загрижени од корупцијата и на еден начин се гледа дека во општините не постои доволно волја да се работи на полето на корупцијата и дека има и такви средини каде првите луѓе во општините се дел од неказнивоста“, вели главниот координатор на проектот.

    Сип го објаснува методот на работа, односно според утврдената програма за реализација на проектот ќе се работи директно со општините, да се охрабрат и опремат за да ги намалат тие ризици при што ќе се анимираат и граѓанските организации .

    Проектот започна од Штип каде на една заедничка средба со претставници на пилот општините се дадоа воведните напомени за целта на проектот и дека ќе се реализира со активно и лично присуство во одбраните општини што ќе биде основа во рамкикте на долгорочниот проект „Заедници со интегрититет“ и нивната борба за сузбивање на корупцијата да продолжи и во други општини во Македонија.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира