ПОМОГНЕТЕ НИ ДА ГО ИСТРАЖИМЕ ПРОБЛЕМОТ СО НЕСООДВЕТНО ИЗНАЈМУВАЊЕ НА ШКОЛСКИ ДВОРОВИ И ПРОСТОРИИ

    ПОМОГНЕТЕ НИ ДА ГО ИСТРАЖИМЕ ПРОБЛЕМОТ СО НЕСООДВЕТНО ИЗНАЈМУВАЊЕ НА ШКОЛСКИ ДВОРОВИ И ПРОСТОРИИКафуле во школски двор во скопската општина Карпош. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Школските дворови на основните и средните училишта се претворени во кафеани.

    Општините ги рентаат дворовите на приватни фирми да прават спортски терени, кои за кусо време добиваат придружни содржини, односно се претвораат во кафулиња, во кои се слават родендени, матурски вечери, се прават приватни забави и музика ечи до доцна во ноќта. Наместо да бидат место за рекреација на децата, тие стануваат кафеани во кои се точи алкохол.

    САКАМДАКАЖАМ.МК истражува како дворовите на училиштата се даваат на приватни фирми и како овие јавни објекти се претвораат во деловни објекти од кои заработуваат на сметка на јавната површина кое е наменета за образование.

    За да го споделите вашето искуство, пополнете го овој формулар (податоците што ќе ги внесете се доверливи и безбедни и вашата анонимност ќе биде зачувана ако така сакате).

    Вашите одговори ќе ни помогнат во тековното истражување за изнајмувањето на школски дворови и простории.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира