ДОГОДИНА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НОВА АНИМИРАНА СЕРИЈА „БУКВОЖДЕР“, ПРОДОЛЖЕНИЕ НА „БУШАВА АЗБУКА“ ОД ПРЕД 40 ГОДИНИ

    ДОГОДИНА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НОВА АНИМИРАНА СЕРИЈА „БУКВОЖДЕР“, ПРОДОЛЖЕНИЕ НА „БУШАВА АЗБУКА“ ОД ПРЕД 40 ГОДИНИБуквождер“  е анимирано продолжение и приказна за буквите и македонскио  јазик од култната ТВ-серија „Бушава азбука“. (Фото: „Види вака“)

    Во 2025 ќе излезе новата анимирана серија „Буквождер“, продолжение на образовно-забавниот проект „Бушава азбука“, како копродукија на продукцијата „2БА“ (Втора „Бушава забука“), „Види Вака раскажувачко студио“ и Георги М. Унковски.

    Буквождер“ е анимирано продолжение и приказна за буквите и македонскиот  јазик од култната ТВ-серија „Бушава азбука“. Серијата од 1985, во продукција на Македонската радио телевизија (МРТ), беше насочена кон детското образование и запознавање со македонската книжевност, култура и традиција преку музика, цртан филм и актерска игра. Имаше вкупно 31 епизода, со просечно траење од 29 минути, секоја посебно посветена на буквите од македонската азбука. Таа е убедливо најуспешниот производ на МРТ, со кој многу генерации ја научија азбуката.

    Креативни продуценти се Слободан Унковски и Синоличка Трпкова, додека извршни продуценти се Горан Игиќ  и Мите Кузевски.

    Режисер и продуцент на анимираната серија е Георги М. Унковски, а сценариото е на Калија Киселичка. Во анимацијата се користени оригиналните илустрации на Душан Петричиќ од 1985, за кои копродуцентите ги имаат откупено сите права, како и адаптации и нови илустрации од илустраторот на „Буквождер“, Томи Џуровски. Анимацијата на спотот за песната „Бушава Нова година“, со која денеска се промовираше серијата, како и анимацијата на новата серија се дело на Никола Димов, Дамјан Михаилов и Горан Менков.

    Песната е дел од новата серија, a ja пеат ликовите од „Буквождер, Бушавковци, чии гласови ги позајмуваат Ивана Павлаковиќ, Ангела-Александра Ивановиќ и Дамјан Цветановски. Музиката е на Георги Шарески, текстот на Кузевски, а во адаптацијата учествуваа и Игиќ и Шарески.

    „По двегодишни напори за обезбедување на поддршка и спонзори, овој прв проект од ‘Бушав универзум’ е финансиран од сопствени средства на копродуцентите. Во план е и јавна кампања за собирање средства. Со оваа анимирана серија, чие емитување се очекува во 2025, започнува новата етапа на ‘Бушава азбука’ и ‘Бушав универзум’ во Македонија, но и секаде каде што се присутни македонскиот јазик и култура. Во меѓувреме, седум години траат напорите за финансирање на ‘Бушав буквар’, продолжение на   легендарната телевизиска серија ‘Бушава азбука’, за која Горан Стефановски ги почна, а по неговата смрт Марјан Алчевски ги доврши сценаријата. За овој проект од национален интерес копродуцентите исто така ги имаат обезбедено сите права. Серијата за која институциите се глуви од 2018 е воедно и последното нереализирано дело на легендарниот македонски драматург Горан  Стефановски. Идејни творци на проектот се режисерот Слободан Унковски и актерката Синоличка Трпкова-Меллес дел од оригиналната постава на омилената ‘Бушава азбука’“, соопштија од „Види вака“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира