СЛОВАЧКИОТ ПРЕМИЕР ФИЦО СЕ СРЕТНА СО ПУТИН ВО МОСКВА ПО НАЈАВИТЕ ЗА ПРЕКИН НА ИСПОРАКИТЕ НА РУСКИОТ ГАС

    СЛОВАЧКИОТ ПРЕМИЕР ФИЦО СЕ СРЕТНА СО ПУТИН ВО МОСКВА ПО НАЈАВИТЕ ЗА ПРЕКИН НА ИСПОРАКИТЕ НА РУСКИОТ ГАСФицо кажа дека највисоките функционери на ЕУ биле известени за патувањето (Фото: ЕПА)

    Словачкиот премиер Роберт Фицо дојде во изненадувачка посета на Москва, станувајќи третиот западен лидер кој се сретнал со Владимир Путин од почетокот на војната во Украина. Фицо, кој е гласен критичар на западната воена помош за Украина, кажа дека разговарале за испораките на руски гас, на што се потпира неговата земја.

    Ова доаѓа откако Путин потврди дека „Газпром“ ќе престане да испорачува руски гас во Европска Унија преку Украина од 1 јануари, што особено ќе погоди земји како Словачка и Унгарија.

    Највисоките функционери на ЕУ беа известени за моето патување и за неговите намери“, напиша Фицо на Фејсбук.

    Фицо кажа дека посетата била реакција на изјавите на Володимир Зеленски дека Украина се спротивставува на транспортот на рускиот гас преку гасоводите на украинската територија.

    Имав долг разговор со Путин и разменивме мислења за воената ситуација во Украина. Разговаравме за можности за брз, мирен крај на војната“, кажа Фицо.

    Откако повторно стана премиер во октомври 2023, Фицо објави дека Словачка ќе престане да ѝ дава оружје на Украина, со која, сепак, сака да биде добар, пријателски сосед.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира