„ТОЈОТА“ ЌЕ ДОНИРА МИЛИОН ДОЛАРИ ЗА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП

    „ТОЈОТА“ ЌЕ ДОНИРА МИЛИОН ДОЛАРИ ЗА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП„Тојота“ ја објави донацијата откако „Форд мотор“ и „Џенерал моторс“ рекоа дека ќе дадат иста сума. (Фото: АП)

    „Тојота мотор“ во Северна Америка ќе донира милион долари за инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари, изјави портпаролот на компанијата, еден ден откако детроитските „Форд мотор“ и „Џенерал моторс“ (ГМ) рекоа дека ќе дадат иста сума. „Форд“ и „ГМ“ исто така даваат и возила за свеченоста, додека „Тојота“ не планира да го направи тоа, соопшти јапонската компанија.

    Предложените царини на Трамп за увоз од Мексико и Канада ќе влијаат на многу производители на автомобили во Северна Америка, меѓу кои и „Тојота“, која го произведува пикапот „тојота такома“ во Мексико. Идниот претседател има за цел да укине многу од политиките на демократскиот претседател Џо Бајден за електричните возила и емисиите на гасови.

    Други големи компании, меѓу кои и „Амазон“ и „Мета платформи“, исто така донираа за инаугурацијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира