СЕ ЧЕКА 40 МИНУТИ РЕД ЗА ЖИЧНИЦАТА, СКОПЈАНИ НАВАЛИЈА НА СНЕГ НА ВРВОТ НА ВОДНО

    СЕ ЧЕКА 40 МИНУТИ РЕД ЗА ЖИЧНИЦАТА, СКОПЈАНИ НАВАЛИЈА НА СНЕГ НА ВРВОТ НА ВОДНОДолги редици за жичницата која вози до врвот на Водно. (Фото: СДК.МК)

    И по 40 минути денеска се чека ред за жичницата на Водно, која вози до врвот. Поради сончевото време и снегот на врвот на Водно, скопјани масовно се качуваат со жичницата. Најбројни се семејствста со мали деца. Гужва е и на паркинзите и на улицата која води кон Горно Нерези.

    Оние кои не сакаат да платат 75 денари за еден час паркинг, колку што чини за викенд, се паркираат на улиците околу.

    Гужва е и на паркинзите и на улицата која води кон Горно Нерези. (Фото: СДК.МК )

    Во кабините на жичницата се дозволени миленици, задолжително со транспортер. Останати се само два мали транспортери кои претходно ги донираше ЈП „Лајка“. Вработените од ЈСП кои работат на Водно велат дека луѓето ги скршиле речии сите транспортери и веќе не се во употреба. Оние со поголеми кучиња ги враќаат назад, освен ако не си донесат свој транспортер.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира