ЗА БЕСПЛАТЕН СТУДЕНТСКИ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ ВЛАДАТА ЌЕ МУ ПРЕФРЛИ НА ЈСП ДВА МИЛИОНА ЕВРА

    ЗА БЕСПЛАТЕН СТУДЕНТСКИ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ ВЛАДАТА ЌЕ МУ ПРЕФРЛИ НА ЈСП ДВА МИЛИОНА ЕВРАМинистерката Јаневска рече дека студентите ќе имаат бесплатен превоз за јануарската сесија. (Фото: К. Попов)

    Владата во текот на неделава ќе му префрли 120 милиони денари  (околу 2 милиона евра) на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ за студентите да имаат бесплатен јавен превоз, најавија денеска премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска. Последната исплата на Министерството за образование и наука кон ЈСП е направена во 2021, кога се исплатени два милиони евра. Од 2022 до денес нема донесена одлука за вршење субвенциониран линиски превоз за студенти, а ЈСП самостојно решило да продолжи бесплатно да ги вози студентите.

    Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во август рече дека Владата, односно Министерството за образование и наука (МОН) има долг кон Градот од 8 милиони евра за бесплатниот превоз на студентите.

    „Претходната Влада три години не обезбедуваше средства за оваа намена и немаше донесено ваква одлука. Во изминатите нешто повеќе од 6 месеци имавме редовна и отворена комуникација со младите, со студентите за што повеќе ќе говори министерката. Често дискутиравме за нивните потреби, барања и наталожени предизвици. Бесплатниот јавен превоз ќе им овозможи поголема достапност до образованието и ќе ги ослободи од финансискиот товар, со што тие ќе можат повеќе да се фокусираат на своите студии и личен развој. Оваа мерка има се разбира и еколошки аспект. Поттикнувајќи ги младите да го користат јавниот превоз, намалуваме употреба на приватни возила, со што придонесуваме за почист воздух, помали емисии на штетни гасови и поздрави градови“, рече Мицкоски.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира