ФБИ ГО ИСТРАЖУВА НАПАДОТ ВО ЊУ ОРЛЕАНС КАКО ТЕРОРИЗАМ, МАЖОТ КОЈ УБИ 10 ЛУЃЕ СО КАМИОНЕТ УБИЕН ОД ПОЛИЦИЈАТА

    ФБИ ГО ИСТРАЖУВА НАПАДОТ ВО ЊУ ОРЛЕАНС КАКО ТЕРОРИЗАМ, МАЖОТ КОЈ УБИ 10 ЛУЃЕ СО КАМИОНЕТ УБИЕН ОД ПОЛИЦИЈАТАНапаѓачот успеа да помине околу барикадите и пукаше кон полицијата од возилото откако се судри (Фото: АП)

    Полицијата го уби мажот кој со камионет удри во поголема група луѓе кои славеле Нова година во историскиот дел на Њу Орлеанс, при што загинаа најмалку десет луѓе, а повеќе од 35 се повредени. ФБИ кажа дека го истражува нападот како можен чин на тероризам, додека јавниот обвинител на Луизијана го означи инцидентот како брутален намерен масакр.

    Убиецот е идентификуван како 42-годишниот жител на Тексас Шамсуд-Дин Џабар и ФБИ кажа дека во неговото возило биле пронајдени знаме на Исламска држава и експлозивна направа.

    Овој маж се обиде да прегази што е можно повеќе луѓе. Неговата намера беше да направи масакр“, изјави шефицата на полицијата на Њу Орлеанс, Ен Киркпатрик.

    Нападот се случи на пресекот на популарните улици Канал и Бурбон во историскиот Француски Кварт за време на прославата на Нова година. Овој дел од градот привлекува голем број туристи со своите барови и музика.

    Напаѓачот успеа да помине околу барикадите и пукаше кон полицијата од возилото откако се судри. Притоа рани двајца полицајци, кои се во стабилна состојба. Тој е убиен во престрелката со полицијата“, кажа Киркпатрик, додавајќи дека неговиот мотив не е познат.

    Градоначалничката на Њу Орлеанс, Латоја Кантрел, го опиша инцидентот како терористички напад.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира