СЛОВАЧКА Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА УКРАИНА ЗАШТО ГУБИ 500 МИЛИОНИ ЕВРА ПОРАДИ ПРЕКИНОТ НА ИСПОРАКИТЕ НА РУСКИОТ ГАС ВО ЕУ

    СЛОВАЧКА Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА УКРАИНА ЗАШТО ГУБИ 500 МИЛИОНИ ЕВРА ПОРАДИ ПРЕКИНОТ НА ИСПОРАКИТЕ НА РУСКИОТ ГАС ВО ЕУФицо, кој минатиот месец го посети Путин во Москва, го опиша потегот на Украина како саботажа (Фото: ЕПА)

    Словачкиот премиер Роберт Фицо се закани дека ќе ја укине финансиската поддршка за повеќе од 130.000 украински бегалци во земјата поради спорот со Украина околу транзитот на рускиот гас.

    На 1 јануари, Русија престана да испорачува гас кон Европска Унија преку Украина, која претходно кажа дека нема да прифати нов договор со Москва. Словачка беше главната влезна точка, поради што ќе изгуби милиони евра од транзитни такси.

    Фицо, кој минатиот месец го посети Владимир Путин во Москва, го опиша потегот на Украина како саботажа. Тој кажа дека ќе предложи запирање на извозот на електрична енергија во Украина и значително намалување на финансиската поддршка за Украинците кои пронајдоа засолниште во Словачка.

    Не постои ризик дека Словачка ќе страда од недостиг на гас зашто веќе имаме договорено алтернативни аранжмани. Сепак, одлуката на Володимир Зеленски да го затвори гасоводот ќе ја лиши Словачка од 500 милиони евра во транзитни такси од други држави“, кажа Фицо.

    Тој побара транзитот да се обнови или Словачка да добие компензација со цел да се надоместат загубите.

    Минатиот месец, Зеленски го обвини Фицо дека му помага на Путин да ја финансира војната. Полска ѝ понуди поддршка на Украина ако Словачка го прекине извозот на струја.

    Србија, Унгарија и Турција се единствените европски држави кои ќе продолжат да добиваат руски гас, но преку гасоводот „ТуркСтрим“ во Црното Море.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира