МЕЛОНИ НЕНАДЕЈНО ГО ПОСЕТИ ТРАМП ВО ФЛОРИДА, ЗАЕДНО ГЛЕДАЛЕ ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА КОНЗЕРВАТИВНИТЕ АДВОКАТИ

    МЕЛОНИ НЕНАДЕЈНО ГО ПОСЕТИ ТРАМП ВО ФЛОРИДА, ЗАЕДНО ГЛЕДАЛЕ ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА КОНЗЕРВАТИВНИТЕ АДВОКАТИМелони е една од првите лидери на земји од ЕУ кои се сретнале со Трамп по неговиот реизбор. (Фото: Икс)

    Изненадувачката посета на италијанската премиерка Џорџа Мелони на избраниот американски претседател Доналд Трамп траеше неколку часа. Таа пристигна во Мар-а-Лаго во Флорида околу 1.30 часот по средноевропско време и замина четири часа подоцна.

    Мелони е една од првите лидери на земји од ЕУ кои се сретнале со Трамп по неговиот реизбор. Од светските лидери, на средба со Трамп во Флорида беа Аргентинецот Хавиер Милеи и Канаѓанецот Џастин Трудо, додека од Европа таму беше Унгарецот Виктор Орбан.

    Трамп и Мелони присуствуваа на прикажување документарен филм за предизвиците со кои се соочуваат конзервативните адвокати во правниот систем.
    „Ова е многу возбудливо. Јас сум тука со фантастична жена, премиерката на Италија. Таа навистина ја освои Европа и сите други, и ние имаме вечера заедно“, кажа Трамп пред насобраните новинари.

    Заедно со нив на проекцијата беа сенаторот од Флорида Марко Рубио, конгресменот од Флорида Мај Волц и Скот Бесент, изборот на на Трамп за нов министер за финансии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира