ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВ РЕЗЕРВОАР ЗА ВОДА ВО ШТИП, ЌЕ ЗАВРШИ ВО СЕПТЕМВРИ

    ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВ РЕЗЕРВОАР ЗА ВОДА ВО ШТИП, ЌЕ ЗАВРШИ ВО СЕПТЕМВРИНовиот резервоар со капацитет од 1.500 кубни метри вода ќе биде готов до крајот на септември. (Фото: СДК.МК)

    До крајот на септември, во Штип треба да биде изграден новиот резервоар за вода кој ќе биде наменет за потребите на идната станбена и индустриска населба Пребег, Низ населбата ќе минува нов пат со обиколница која ќе води до бањата Кежовица каде е планирана изградба и на нов мост на реката Брегалница.

    „Веднаш ги започнавме работите за темелна плоча на двете комори на резервоарот кои ќе бидат со вкупен капацитет од 1.500 кубни метри вода. За три месеци ќе заврши конструктивната фаза, а комплетното профункционирање се предвидува до крајот на месец септември, кога резервоарот ќе биде дел од водоводниот систем на Штип. Од нашата фирма ‘Ленди груп’ од Скопје, која е изведувач на работите, перманентно ќе бидат ангажирани најмалку 30 вработени“, велат раководителите на проектот, инженерите Ирина Петровска и Никола Симов.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира