ГРЕНЛАНД БИ МОЖЕЛ ДА СТАНЕ НЕЗАВИСЕН, НО НЕ И АМЕРИКАНСКИ, КАЖА ДАНСКА

    ГРЕНЛАНД БИ МОЖЕЛ ДА СТАНЕ НЕЗАВИСЕН, НО НЕ И АМЕРИКАНСКИ, КАЖА ДАНСКАГренланд е дел од Данска веќе 600 години, но премиерот Егеде се залага за независност (Фото: АП)

    Гренланд би можел да стане независен ако тоа го сакаат неговите жители, но тешко дека ќе биде американска сојузна држава, изјави данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен по заканите од Доналд Трамп дека со сила би можел да го заземе арктичкиот остров.

    Лидерот на Гренланд Муте Егеде вчера се сретна со данскиот крал Фредерик откако Трамп предизвика голема бура со своите изјави, тврдејќи дека островот е од витално значење за националната безбедност на САД. Трамп кажа дека не ја исклучува можноста за употреба на воена сила за да ја преземе контролата врз Гренланд, кој е автономна данска територија.

    Гренланд е од големо стратешко значење за американската војска и нејзиниот систем за рано предупредување за напади со балистички проектили бидејќи е најкратката маршрута меѓу Европа и Северна Америка.

    „Целосно признаваме дека Гренланд има свои сопствени амбиции. Ако се остварат, Гренланд би станал независен, но тешко дека би имал амбиција да стане федерална членка на САД“, кажа Расмусен.

    Тој призна дека зголемените американски безбедносни грижи во Арктикот се легитимни поради засилените активности на Русија и Кина во регионот.

    „Не верувам дека имаме криза во надворешната политика. Отворени сме за разговор со Американците за тоа како можеме да соработуваме уште поблиску“, рече Расмусен.

    Најголемиот, но слабо населен остров на светот е дел од Данска веќе 600 години, но премиерот Егеде се залага за независност. Егеде и Данска кажаа дека островот не е на продажба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира