ОД ПРЕМРЗНУВАЊЕ ПОЧИНАЛЕ БЛИЗНАЦИ СТАРИ НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ ОД ПРИЛЕПСКОТО СЕЛО СЛАВЕЈ

    ОД ПРЕМРЗНУВАЊЕ ПОЧИНАЛЕ БЛИЗНАЦИ СТАРИ НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ ОД ПРИЛЕПСКОТО СЕЛО СЛАВЕЈСмртта на машкото бебе вчера била пријавена во полиција во 11 часот, а девојчето починало два часа подоцна. (Фото: СДК.МК)

    Починале брат и сестра близнаци стари само неколку недели од прилепското село Славеј, соопшти МВР. Момчето починало вчера во домот на родителите, а девојето во тешка здравствена состојба било однесено во Прилепската болница каде починало. Смртта на машкото бебе вчера била пријавена во полиција во 11 часот, а девојчето починало два часа подоцна.

    Од Прилепската болница соопштија дека женското бебе било донесено во тешка здравствена состојба со знаци премрзнување, а според информациите што ги имаат и машкото бебе дома починало од истата причина. Бебињата биле предвреме родени, а дома биле пуштени по барање на мајката и на нејзина одговорност. Вчера таа повикала итна медицинска помош, по што бебињата биле префрлени в болница, каде починало и девојчето.

    „На 16.01.12025 во 11.00 часот во полицијата во Прилеп од Општа болница Прилеп било пријавено дека во домот на З. Р. (39) и В. Р. (23) во с. Славеј, Прилепско, починало неколку недели старо машко бебе, додека кај нив во тешка здравствена состојба била донесена неговата сестра близначка, која, исто така, починала околу 13.00 часот. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот”, соопштија од МВР.

    Семејството на кое му починаа близначињата има уште три деца.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира