Жичарата од Средно Водно до врвот на планината не работи утринава поради силен ветер, соопштија од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое стопанисува со жичарата.
„Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, се вели во соопштението на ЈСП.
View this post on Instagram
Мерните станици на Министерството за животна средина во Скопје утринава регистрираат средно и високо низо на загаденост.
Пилотката Ива Матиќ утрото објави фотографија од Скопје. За погледите од нејзината канцеларија, гледајте го подкастот на САКАМДАКАЖАМ.МК: