Најмалку 30 луѓе се повредени, 17 од кои сериозно, откако падна ски лифт во северна Шпанија. Одморалиштето Астун на шпанските Пиринеи, каде што се случи инцидентот, е затворен и спасувачките тимови работат на терен.
На снимките и фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат луѓе како лежат на снегот под ски лифтот.
Шпанскиот премиер Педро Санчес кажа дека е шокиран од инцидентот.
Шпанските медиуми јавуваат дека извесен број луѓе сè уште се заглавени на ски лифтот и чекаат да бидат спасени.
Според сведоци, се откачил кабел по што луѓето почнале да паѓаат од седиштата.