Доналд Трамп ќе донесе извршни наредби со кои ќе се укинат програмите за различност, еднаквост и инклузија (ДЕИ) и ќе прогласи дека американската влада признава само два пола, машки и женски, изјави еден функционер од новата администрација. Тој додаде дека наскоро ќе бидат преземени уште мерки против програмите за ДЕИ.
Како дел од овие извршни наредби, федералните средства веќе нема да смеат да се користат за промовирање родова идеологија, што се однесува на нетрадиционални ставови за половите и родовите.
„Државни средства веќе нема да се трошат за медицински процедури за менување пол“, изјави функционерот.
Засега е нејасно што ќе значат овие наредби за американската војска. Во својот прв мандат, Трамп забрани трансродови лица да служат војска, што беше поништено од владата на Бајден.