ХРВАТИТЕ ДЕНЕСКА БОЈКОТИРААТ КУПУВАЊЕ ВО ПРОДАВНИЦИ И ТРГОВСКИ ЛАНЦИ ПОРАДИ ПОСТОЈАНИОТ РАСТ НА ЦЕНИТЕ

    ХРВАТИТЕ ДЕНЕСКА БОЈКОТИРААТ КУПУВАЊЕ ВО ПРОДАВНИЦИ И ТРГОВСКИ ЛАНЦИ ПОРАДИ ПОСТОЈАНИОТ РАСТ НА ЦЕНИТЕИницијативата започна со пораки кои во изминатите денови се споделуваа на социјалните мрежи (Фото: Индекс)

    Во Хрватска денеска се одвива бојкот на продавници, трговски ланци и бензински пумпи поради постојаниот раст на цените. Иницијативата ја покрена фејсбук групата „Ало, инспекторе“ и потоа беше поддржана од здруженија за заштита на потрошувачи, синдикати, политички партии и од министерот за економија.

    Иницијативата започна со пораки кои во изминатите денови се споделуваа на социјалните мрежи.

    24 јануари во Хрватска е бојкот поради високите цени на прехраната“, стоеше во една од пораките.

    Луѓето се повикуваа ништо да не купуваат тој ден.

    Осигурајте тој ден да биде како недела“, стоеше во друга порака.

    Даночната агенција објави дека до 11 часот биле издадени 40% помалку сметки, а износот бил помал за 47%.

    Денеска не одам во продавница. Не знам како ќе помогне бојкотот, но испраќа силна порака. Бојкотот е порака дека нешто треба да се промени“, изјави министерот за финансии Марко Приморац.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира