СУДСКИОТ СИСТЕМ Е КОРЕНОТ НА СИТЕ ПРОБЛЕМИ, КАЖА СЕСТРАТА НА ФРОСИНА НА ПРОТЕСТОТ ВО НЕГОТИНО

    СУДСКИОТ СИСТЕМ Е КОРЕНОТ НА СИТЕ ПРОБЛЕМИ, КАЖА СЕСТРАТА НА ФРОСИНА НА ПРОТЕСТОТ ВО НЕГОТИНОНа протестот зборуваше Росица Кулакова, сестра на Фросина, која беше прегазена на пешачки премин на „Партизанска“. (Фото: МИА)

    Во Неготино денеска се одржа протест за правда за 22-годишната Фросина Кулакова, која беше прегазена од Васил Јованов на 29 јануари на пешачки премин на „Партизанска“ во Скопје.

    На протестот зборуваше нејзината сестра Росица Кулакова , која кажа дека коренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем.

    „Доколку судијката му го продолжила притворот сè до правосилност на одлуката, а по вчерашната одлука на Апелација тој само ќе беше спроведен во затвор, мојата сестра Фросина денес ќе беше жива. Затоа бараме одговорност и од судијката Даниела Алексовска Стојановска“, кажа Росица на протестот во нивниот роден град.

    Апелациониот суд Скопје вчера соопшти дека ја преиначило првостепената пресуда на Васил Јованов за поседување и продажба на дрога, па така тој сега е правосилно осуден на три години и десет месеци затвор.

    Според првостепената пресуда, тој требаше да биде упатен во воспитно-поправен дом, а до правосилност на пресудата беше пуштен на слобода.

    Јованов сега се наоѓа во притвор во Шутка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира