Двегодишно девојче и нејзината 37-годишна мајка им подлегнаа на повредите здобиени во нападот во Минхен пред два дена. Тие се првите жртви на нападот, во кој беа повредени 37 луѓе.
Нападот го изведе 24-годишен барател на азил од Авганистан, кој со автомобил се заби во група луѓе во центарот на Минхен, во моментот кога тука се одржуваше синдикален марш. Напаѓачот беше уапсен на самото место и властите веруваат дека го направил тоа од верски причини.
Мајката и детето беа меѓу оние кои беа примени во болница со сериозни повреди.
Германските власти кажаа дека напаѓачот дошол во земјата во 2016 и иако му било одбиено барањето за азил, му било дозволено да остане бидејќи се соочувал со ризик да биде депортиран во Авганистан. Тој имал валидна дозвола за престој и работа, немал полициско досие и полицијата не пронашла докази дека бил поврзан со џихадистички групи.