СЛАВНИОТ РЕЖИСЕР ЛАРС ФОН ТРИР ПРЕФРЛЕН ВО ЦЕНТАР ЗА НЕГА ПОРАДИ ПАРКИНСОНОВАТА БОЛЕСТ

    СЛАВНИОТ РЕЖИСЕР ЛАРС ФОН ТРИР ПРЕФРЛЕН ВО ЦЕНТАР ЗА НЕГА ПОРАДИ ПАРКИНСОНОВАТА БОЛЕСТФон Трир во 2022 ја објави својата дијагноза (Фото: Гети)

    Славниот дански режисер Ларс фон Трир, кој има Паркинсонова болест, е префрлен во центар за нега, објави неговата продукциска компанија „Зентропа“. Еден од најголемите современи филмаџии во 2022 ја објави својата дијагноза, кога имаше 66 години.

    Ларс е префрлен во центар за нега, каде што можат да му обезбедат нега и третман што ги бара неговата состојба. Тој е добро со оглед на неговата состојба“, изјави продуцентката од „Зентропа“, Луиз Вест, додавајќи дека морале да ја споделат оваа многу приватна информација поради шпекулациите во данските медиуми.

    Фон Трир ја освои Златната палма во Кан во 2000 за „Танчарка во ноќта“, а за истиот филм ја доби и својата единствена номинација за Оскар, за најдобра оригинална песна. Неговиот последен филм „Куќата што ја изгради Џек“ излезе во 2018.

    Со малку среќа, би можел да снимам уште неколку филма“, кажа Фон Трир во 2023.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира