МИЛОРАД ДОДИК ОСУДЕН НА ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ НА ВИСОКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО БИХ

    МИЛОРАД ДОДИК ОСУДЕН НА ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ НА ВИСОКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО БИХДодик претходно кажа дека пресудата би можела да ѝ зададе смртоносен удар на Босна и Херцеговина (Фото: Н1)

    Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска е прогласен за виновен за непочитување и неспроведување на одлуките на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, при што Судот на БиХ го осуди на една година затвор. На Додик исто така му е изречена шестгодишна забрана за вршење политички функции.

    Додик и неговите адвокати не присуствуваа на изрекувањето на пресудата, велејќи дека не сакаат да учествуваат во понижувањето на правото. Второобвинетиот Младен Лукиќ, в. д. директорот на Службениот весник, е ослободен од обвинението.

    Денешните пресуди за Додик се првостепени, па тој ќе има право на жалба.

    Додик и Лукиќ беа обвинети дека во 2023 ја спровеле одлуката на Народното собрание на Република Српска одлуките на Шмит да не се објавуваат во Службениот весник. Шмит го поништи тој закон, но Додик сепак го потпиша, а Лукиќ го објави, што Шмит го окарактеризираше како кривично дело. Додик се соочуваше со затворска казна во висина од шест месеци до пет години.

    Пресудата би можела да ѝ зададе смртоносен удар на Босна и Херцеговина“, кажа Додик минатата недела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира