Затворениот курдски лидер Абдула Оџалан ја повика својата Курдска работничка партија (ПКК) да го положи оружјето, потег кој би можел да доведе до крај на 40-годишниот конфликт со Турција и да има пошироки политички и безбедносни последици во регионот. Ова уследи откако делегација на прокурдската партија ДЕМ го посети Оџалан во затворот во Истанбул.
„Ги повикувам сите групи да го положат оружјето и преземам историска одговорност за овој повик. Сакам мојата партија да одржи конгрес и формално да се согласи да се расформира“, стои во изјавата на Оџалан, објавена од ДЕМ.
Турција и нејзините западни сојузници ја сметаат ПКК за терористичка организација.
Повеќе од 40.000 луѓе загинаа откако ПКК ја почна борбата во 1984 со цел да создаде држава за Курдите. Таа оттогаш се оддалечи од своите сепаратистички цели и денес бара поголема автономија во југозападна Турција и поголеми права за Курдите.
Од затворањето на Оџалан во 1999 имаше неколку обиди за крај на насилствата, но мировен процес пропадна пред десет години.