ПРОМОВИРАМЕ КУЛТУРА ВО СООБРАЌАЈОТ, ВЕЛАТ ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ЖЕНСКОТО РЕЛИ ВО СКОПЈЕ

    ПРОМОВИРАМЕ КУЛТУРА ВО СООБРАЌАЈОТ, ВЕЛАТ ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ЖЕНСКОТО РЕЛИ ВО СКОПЈЕРелито беше во два дела, градско возење по однапред дадена рута и брзински испит, таканаречена гимкана. (Фото: К. Попов)

    Девојки и жени денеска возеа автомобили низ скопските улици во рамките на женското рели организирано од Автомобилистичката федерација на Македонија (АФСМ). Релито беше во два дела, односно градско возење по однапред дадена рута и брзински испит, таканаречена гимкана.

    Учесничките на женското рели имаа обврска да поседуваат возачка дозвола и сопствено возило, а во тимот имаа и совозач.

    Релито е организирано од Автомобилистичката федерација на Македонија (Фото: К. Попов)

    „Шести пат организираме ваков настан, каде низ натпревар во вештини и брзина ги поттикнуваме сите девојки и жени активно да се вклучат во овој убав спорт. Преку вклучување во автомобилизмот, нашата федерација придонесува не само за забава, туку и за развој и промоција на вредности и култура на однесување во сообраќајот. Сметам дека ова е навистина важно за сите нас и како девојки, жени ќе испратиме силна порака на еднаквост, позитивен дух, внимание и почит кон сите со кои се натпреваруваме, но и со кои секојдневно се сретнуваме, возејќи низ градските улици“, вели Кристина Станојковска, потпретседателка на АФСМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира