ФАМИЛИЈА КОЧОВСКИ СО МАМА ХУАНИТА ЈА ПРОСЛАВИ ЗЛАТНАТА БУБА МАРА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА АНСАМБЛОТ МАЊИФИКО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ФАМИЛИЈА КОЧОВСКИ СО МАМА ХУАНИТА ЈА ПРОСЛАВИ ЗЛАТНАТА БУБА МАРА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА АНСАМБЛОТ МАЊИФИКО

    Со изведба на мексиканската Мама Хуанита беше одбележано признанието Златна Буба Мара за животно дело на ансамблот Мањифико. Песната во Метрополис арената во Скопје заедно ја испеја четиричленото семејство Панче, Невенка, Лидија и Тања Кочовски. Нивниот настап предизвика бура на емоции на јубилејното 20. издание на популарната манифестација „Златна Буба Мара на популарноста“.

    Основачот на Мањифико Панче и честита на сопругата Невенка со која до деведесеттите години од минатиот век стекнаа светска слава (Фото: СДК.МК)

    Основачот на Мањифико Панче и честита на сопругата Невенка со која до деведесеттите години од минатиот век стекнаа светска слава (Фото: СДК.МК)

    Ансамблот Мањифико бил формиран во 1959 година и постоел до 1990 година. Формиран е од Пантелеј Кочовски-Панче и Крсто Таушанов, тогаш ученици во Средното музичко училиште во Скопје, додека биле на младинска работна акција во Демир Капија, на јужната делница од автопатот Братство-Единство за да настапат на приредба. Од бригадирите им се приружил Сергеј Поповски, гитарист, исто така, ученик во Музичкото училиште. Набргу, на местото на Сергеј доаѓа Димитар Томов-Митко, одличен гитарист и вокал, а следната 1960 година, во Музичкото училиште ја откриваат Невенка Арсова и нејзиниот раскошен алт. Таа година квартетот го добива името „Мањифико“.

    На четворката, по 10 години  и се приклучува и извонредниот гитарист и пејач Петар Галев. Во Мањифико во одредени периоди значајно учество имале и Јане Коџабашија, Миле Лукаров и Миле Барбаровски.

    Во текот на 31- годишното постоење Мањифико настапил во 37 земји на сите континенти, имал 3.700 концерти и 600 добротворни настапи, кои ги посетиле преку 7 милиони гледачи. И дискoграфската продукција на Мањифико е импозантна: 28 мали грамофонски плочи, 5 албуми, 4 аудио касети, 1 видео касета, 3 аудио компакт дискови и 1 ДВД, речиси сите продадени во златен или сребрен тираж.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира