Скопје, 30 март, 2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК) – Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска ги повика засегнатите поединци за кои на социјалните мрежи се пуштени приватни прислушувани разговори да дојдат во специјалното обвинителство за да можат обвинителите да поведат соодветни кривични постапки.
„Истовремено ги повикувам сите кои поседуваат незаконско прибавени аудио и друг вид на разговори помеѓу одредени лица истите да ги достават во најкраток можен рок до специјалното обвинителство“, рече Јанева.