НАД 3.300 ЖРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО МЈАНМАР, ХУНТАТА СПРЕЧУВА ПОМОШ ЗА БУНТОВНИЧКИТЕ РЕГИОНИ, ОБВИНИЈА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

    НАД 3.300 ЖРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО МЈАНМАР, ХУНТАТА СПРЕЧУВА ПОМОШ ЗА БУНТОВНИЧКИТЕ РЕГИОНИ, ОБВИНИЈА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИВисокиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации ја обвинува воената хунта, која владее со оваа земја во Југоисточна Азија, за ограничување на испораката на помош за заедниците кои не го поддржуваат режимот. (Фото: АФП)

    Повеќе од една недела по силниот земјотрес во Мјанмар, бројот на жртви повторно се зголеми. Државните медиуми јавуваат за 3.354 мртви и 220 исчезнати, повредени се 4.850 луѓе. Хуманитарните организации предупредуваат на појава на сериозни болести како колера. Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации ја обвинува воената хунта, која владее со оваа земја во Југоисточна Азија, за ограничување на испораката на помош за заедниците кои не го поддржуваат режимот. Армијата на Мјанмар не ги коментираше ваквите обвинувања.

    Хуманитарните операции во областите погодени од земјотресот се отежнати поради последиците од граѓанската војна. Во 2021, војската ја собори избраната влада предводена од нобеловката Аунг Сан Су Кји. Во граѓанската војна што следеше раселенисе над три милиони луѓе. Обезбедувањето здравствена заштита се одвиваше тешко и пред земјотресот на 28 март, а многу луѓе се изложени и на ризик од глад. Според Обединетите нации, повеќе од една третина од населението има потреба од хуманитарна помош.

    Земјотресот со јачина од 7,7 степени беше еден од најсилните во Мјанмар во последните сто години. Бројни згради – меѓу кои и болници – се урнаа, а цели населби беа речиси комплетно уништени.

    Шефот на воената хунта Мин Аунг Хлаинг вчера отпатува во Бангкок на регионален самит, што предизвика жестоки протести во соседен Тајланд. За да се олесни помошта при катастрофи и обнова во Мјанмар, хунтата на 2 април прогласи привремен прекин на огнот со бунтовничките групи. Сепак, според Обединетите нации, прекинот на огнот не се почитува. Како што соопшти вчера Канцеларијата за човекови права на ОН, од 2 април војската извршила најмалку 16 воздушни напади врз цели во различни делови на земјата, меѓи нив ги и областите погодени од земјотресот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира