ТРАМП Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА КИНА СО НОВИ ЦАРИНИ ОД 50%

    ТРАМП Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА КИНА СО НОВИ ЦАРИНИ ОД 50%Трамп бара од Кина да ги повлече царините од 34% воведени за САД минатата недела (Фото: АП)

    Доналд Трамп се закани со дополнително зголемување на царините за Кина, што би можело да доведе до заострување на трговската војна која веќе избриша илјадници милијарди долари од светските пазари.

    Трамп кажа дека в среда ќе воведе дополнителни царини од 50% за увозот од Кина ако таа не ги повлече царините од 34% воведени за САД минатата недела. Оваа кинеска мерка беше одговор на реципрочната царина од 34% најавена од Трамп.

    Сите разговори со Кина во врска со нејзините барани средби со нас ќе бидат прекинати“, кажа Трамп.

    Основната зголемена царина од 10% почна да се применува на 5 април, а повисоките, кои важат за околу 60 држави, ќе стапат на сила на 9 април. Американскиот банкарски гигант „Џеј-Пи Морган“ предвидува дека има 60% шанси за рецесија во САД и во светот, додека „Голдман Сакс“ ги зголеми шансите за ова на 45%.

    Соработниците на Трамп велат дека тој го исполнува ветувањето дека ќе ја смени децениската либерализација на трговијата, за која верува дека ја поткопува американската економија. Но, тие исто така рекоа дека Трамп бил подготвен да преговара со десетици земји кои побарале да разговораат.

    Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека Европа е спремна да преговара со Вашингтон, нудејќи царини од 0% за индустриските стоки што ЕУ ги извезува во САД.

    Ние секогаш сме спремни за добра идеја, но истовремено подготвуваме контрамерки“, кажа Фон дер Лајен.

    Трамп ја смести ЕУ во групата „најлоши престапници“, држави на кои им наметна царини од најмалку 20%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира