ЗЕЛЕНСКИ ПРВПАТ ПОТВРДИ ДЕКА УКРАИНСКИТЕ СИЛИ СЕ БОРАТ ВО РУСКИОТ РЕГИОН БЕЛГОРОД

    ЗЕЛЕНСКИ ПРВПАТ ПОТВРДИ ДЕКА УКРАИНСКИТЕ СИЛИ СЕ БОРАТ ВО РУСКИОТ РЕГИОН БЕЛГОРОДСе верува дека украинските операции во Белгород се со помал обем во споредба со оние во Курск (Фото: ЕПА)

    Володимир Зеленски за првпат јавно потврди дека украинските сили се борат во рускиот пограничен регион Белгород.

    Продолжуваме да спроведуваме активни операции во погранични области на непријателската територија. Војната мора да се врати таму од каде што дојде“, рече Зеленски.

    Пред Белгород, украинската војска упадна во Курск минатиот август, каде што денес држи само мала територија, по големата руска противофанзива во изминатите месеци.

    Главната цел на овие операции е да се заштитат нашите погранични региони Суми и Харкив и да се олесни притисокот во останатите делови на огромниот фронт, особено во Доњецк“, кажа Зеленски.

    Тој им се заблагодари на украинските воени единици кои се распоредени во Белгород, без да наведе детали за текот на овие операции.

    Руската војска минатиот месец објави дека Украинците се обиделе да навлезат во Белгород, но биле одбиени. Сепак, неколкумина руски воени блогери имаат објавено за борби во руски села оддалечени над еден километар од границата.

    Се верува дека украинските операции во Белгород се со помал обем во споредба со оние во Курск, каде што беа заземени стотина населени места, вклучувајќи го градот Суџа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира