НА СИЛА СТАПИЈА НОВИТЕ ЦАРИНИ НА ТРАМП, ЗА КИНА СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 104%

    НА СИЛА СТАПИЈА НОВИТЕ ЦАРИНИ НА ТРАМП, ЗА КИНА СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 104%Трамп кажа дека многу земји му се јавиле дека сакаат да склучат договор (Фото: АП)

    Реципрочните царини на Доналд Трамп за 60-ина држави денеска стапија на сила, продлабочувајќи ја светската трговска војна, иако тој кажа дека е спремен да преговара со некои земји. Најтешко погодена е Кина, за која Трамп воведе царини од дури 104%.

    Американските царини предизвикаа потрес во светскиот трговски поредок што постоеше со децении, го зголемија стравот од рецесија и ги вознемирија берзите, каде што беа избришани илјадници милијарди долари. Трамп им испрати мешани сигнали на инвеститорите дали царините се долгорочни, опишувајќи ги како постојани.

    Царините ги притискаат лидерите да бараат преговори. Многу земји ни се јавија дека сакаат да склучат договор. Очекувам и Кина да побара договор“, кажа Трамп.

    Кина вчера ги обвини САД за уценувачко однесување и вети дека нема да отстапи во војната на царини. Трамп ги удвои првично најавените царини за Кина откако таа возврати со давачки од 34% за САД.

    Извори од Белата куќа кажаа дека владата на Трамп има закажано разговори со Јапонија, Јужна Кореја и Виетнам и дека следната недела во посета ќе дојде италијанската премиерка Џорџа Мелони.

    Царините од најмалку 20% кои денеска стапија на сила се наменети за држави за кои Трамп кажа дека долги години ја искористувале Америка. Меѓу нив е и целата Европска Унија, чии членки денеска ќе гласаат за првични контрамерки.

    Трамп дури навести дека сѐ уште не завршил со царините и кажа дека наскоро би можел да ги воведе и за фармацевтските производи, кои досега беа изземени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира