Бројот на загинати во вчерашната трагедија во дискотека во Доминиканска Република порасна на 98, а повеќе од 150 се повредени. Несреќата се случи во еден часот по полноќ, кога се урна покривот на дискотеката „Џет сет“ во главниот град Санто Доминго, за време на настапот на популарниот пејач Руби Перес, кој исто така почина.
Меѓу загинатите се и регионалната гувернерка Нелси Круз и поранешниот бејзбол играч Октавио Дотел (51), кој настапувал и во американската МЛБ. Стотици луѓе имало во дискотеката во моментот на несреќата и се стравува дека бројот на жртви ќе расте.
„Џет сет“ е популарен ноќен клуб во Санто Доминго, каде што редовно се одржуваа концерти во понеделник навечер.
Член на бендот на Руби Перес изјави дека клубот бил полн кога се урнал покривот. Перес е снимен како покажува кон покривот помалку од 30 секунди пред тој да се урне.
„Мислевме дека е земјотрес“, изјавија од бендот на Перес.