БРИТАНСКИОТ ВРХОВЕН СУД ПРЕСУДИ ДЕКА ЖЕНИ СЕ САМО ОНИЕ КОИ СЕ РОДЕНИ КАКО ЖЕНИ

    БРИТАНСКИОТ ВРХОВЕН СУД ПРЕСУДИ ДЕКА ЖЕНИ СЕ САМО ОНИЕ КОИ СЕ РОДЕНИ КАКО ЖЕНИСудот кажа дека законот и натаму им дава заштита на трансродовите лица од дискриминација (Фото: АП)

    Врховниот суд на Велика Британија едногласно ја поддржа биолошката дефиниција на жената според Законот за рамноправност од 2010 година. Судиите застанаа на страната на активистичката група „For Women Scotland“, која покрена случај против шкотската влада, тврдејќи дека заштитата заснована на пол треба да се однесува само на оние кои се родени како жени.

    Судијата лорд Хоџ кажа дека пресудата не треба да се смета за триумф на една страна над другата и нагласи дека законот и натаму им дава заштита на трансродовите лица од дискриминација.

    Шкотската влада тврдеше во судот дека и трансродови луѓе кои поседуваат сертификаат за признавање на полот имаат право на иста заштита заснована на пол како и биолошките жени. Од Врховниот суд беше побарано да даде точно толкување на Законот за рамноправност, кој се применува ширум Велика Британија.

    Судијата Хоџ кажа дека клучното прашање е како поимите жена и пол се дефинирани во законодавството.

    „Едногласната одлука на овој суд е дека поимите жена и пол во Законот за рамноправност од 2010 се однесуваат на биолошка жена и биолошки пол“, рече Хоџ.

    Законот за рамноправност обезбедува заштита од дискриминација врз основа на различни карактеристики, вклучително и пол и промена на пол. Сепак, трансродовите лица предупредија дека случајот би можел да ја наруши заштитата што сега ја уживаат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира