МНОГУ МИ СЕ ДОПАЃА МЕЛОНИ, СИГУРНО ЌЕ СКЛУЧИМЕ ТРГОВСКИ ДОГОВОР СО ЕУ, КАЖА ТРАМП НА СРЕДБАТА СО ИТАЛИЈАНСКАТА ПРЕМИЕРКА

    МНОГУ МИ СЕ ДОПАЃА МЕЛОНИ, СИГУРНО ЌЕ СКЛУЧИМЕ ТРГОВСКИ ДОГОВОР СО ЕУ, КАЖА ТРАМП НА СРЕДБАТА СО ИТАЛИЈАНСКАТА ПРЕМИЕРКАМелони е првиот европски лидер кој го посети Трамп откако тој воведе нови царини за речиси целиот свет (Фото: Гети)

    Доналд Трамп изјави дека САД сигурно ќе постигнат трговски договор со Европска Унија откако денеска ја нагости италијанската премиерка Џорџа Мелони во Белата куќа.

    САД и Италија имаат многу добри односи. Ќе постигнеме трговски договор 100 посто, но тоа ќе биде фер договор“, кажа Трамп.

    Мелони е првиот европски лидер кој го посети Трамп откако тој воведе нови царини за речиси целиот свет, кои за ЕУ во прв момент изнесуваа 20%, пред да бидат одложени на 90 дена.

    Запрашана зошто дошла во Вашингтон, Мелони одговори:

    Дојдов зашто верувам во единството на западот. Мора да растеме заедно, затоа дојдов“.

    Трамп кажа дека многу му се допаѓа Мелони.

    Мислам дека е голема премиерка и дека врши фантастична работа. Таа е еден од вистинските лидери на светот“, кажа американскиот претседател.
    Мелони кажа дека е сигурна дека може да постигне договор со Доналд Трамп.

    Тука сум за да помогнам во тоа. Уверена сум дека ќе има договор помеѓу САД и Европа и целта на мојата посета е да работиме во таа насока. Мора да разговараме искрено за нашите потреби“, рече Мелони.

    САД е важен трговски партнер на Италија, која таму извезува стоки во вредност од 67 милијарди евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира