МАЈСКИТЕ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ ЌЕ СЕ ОТВОРАТ НА 9 МАЈ СО ПРЕМИЕРАТА НА „РИГОЛЕТО“ ВО РЕЖИЈА НА ИТАЛИЈАНЕЦОТ МАЕСТРИНИ

    МАЈСКИТЕ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ ЌЕ СЕ ОТВОРАТ НА 9 МАЈ СО ПРЕМИЕРАТА НА „РИГОЛЕТО“ ВО РЕЖИЈА НА ИТАЛИЈАНЕЦОТ МАЕСТРИНИВо ателјето на НОБ се подготвува сценографијата за „Риголето“, чиј автор е Гилермо Нова од Шпанија. (Фото: НОБ)

    Со премиерата на операта „Риголето“ од Џузепе Верди, на 9 мај ќе се отвори 53. издание на Мајските оперски вечери во Националната опера и балет (НОБ). Диригентот и режисерот се од Италија, маестро Џанлука Мартиненги и Пјер Маестрини. Насловната улога ќе ја пее Марко Карија од Италија, а улогата на Џилда оперската певица Ана Дурловски.

    „Напишана според драмата на Виктор Иго ‘Кралот се забавува’, ‘Риголето’ како опера е раскажана со возбудлив музички јазик и нејзиниот успех низ историјата не се должи само на либретото, на трагичната судбина на насловниот лик, туку уште повеќе на прекрасните арии и воопшто, на убавата мелодиска структура“, велат од НОБ.

    Во екипата се и Марио Баг (Јужна Кореја), Игор Дурловски, Николина Јаневска,  Владимир Саздовски/Борко Биџовски, Драган Ампов,  Јане Дунимаглоски и Александра Лазаровска-Василески. Сценографијата е на Гилермо Нова од Шпанија, костимите на Кристина Ачети од Италија, а кореографијата на Саша Евтимова.

    До 31 мај, на Мајските оперски вечери ќе се изведат и „Лебедово езеро“ (15 мај), „Набуко“ (19 мај), „Мадам Батерфлај“ (23 мај) и „Турандот“ (27 мај), а затворањето традиционално е со „Аида“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира