ЛИК ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ПОЈАВИ ВО НОВАТА ЕПИЗОДА НА „СИМПСОНОВИ“

    ЛИК ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ПОЈАВИ ВО НОВАТА ЕПИЗОДА НА „СИМПСОНОВИ“Епизодата премиерно ќе се прикаже на 27 април на телевизијата „Фокс“ (Фото: Фејсбук)

    Лик од Македонија ќе се појави во новата епизода на легендарната анимирана серија „Симпсонови“, што премиерно ќе се прикаже во САД на 27 април на телевизијата „Фокс“.

    Во новата епизода насловена „Abe League of Their Moe”, дедото Симпсон и Мо Сизлак се здружуваат во необичен потфат: ангажираат талентиран играч од Македонија за локалниот бејзбол тим од Спрингфилд.

    Во епизодата бил вклучен и тим од Македонија, сестрите Невена и Калина Нешкоска и нивниот брат Наум, кои стојат зад популарниот детски анимиран серијал „Дарко Биберко“.

    „Учествувавме во преводот, јас лично имав консултантска улога, а сите тројца испеавме песна што ја преведовме од англиски на македонски. Благодарност до композиторка Кара Талве, која ја овозможи оваа соработка“, напиша Невена Нешкоска на Фејсбук.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира