ФБИ УАПСИ СУДИЈКА ЗАШТО ПОПРЕЧУВАЛА АПСЕЊЕ НА МИГРАНТ

    ФБИ УАПСИ СУДИЈКА ЗАШТО ПОПРЕЧУВАЛА АПСЕЊЕ НА МИГРАНТДиректорот на ФБИ Каш Пател кажа дека судијката намерно погрешно ги насочила федералните агенти (Фото: АП)

    Директорот на ФБИ Каш Пател изјави дека федералните агенти уапсиле судијка од Висконсин зашто попречувала операција поврзана со мигранти. Во објава на Икс, Пател напиша дека има докази дека таа попречувала агенти во апсењето на мигрант минатата недела.

    Судијката Хана Дуган била уапсена утрово додека била во својата судница, кажаа властите.

    Хана Дуган намерно погрешно ги насочила федералните агенти подалеку од маж кого се обидувале да го приведат во нејзиниот суд. За среќа, нашите агенти успеаја да го фатат и тој оттогаш е во притвор, но опструкцијата од судијката ја зголеми опасноста за јавноста“, кажа Пател.

    Апсењето доаѓа во периодот кога се засилува спорот помеѓу администрацијата на Трамп и судството околу имиграциските политики на Белата куќа. Министерството за правда претходно најави дека ќе преземе остри мерки против локалните функционери кои ги попречуваат федералните напори против имиграцијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира