УЛТРАНАЦИОНАЛИСТОТ СИМИОН ВОДИ ПО ПРВИОТ КРУГ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО РОМАНИЈА

    УЛТРАНАЦИОНАЛИСТОТ СИМИОН ВОДИ ПО ПРВИОТ КРУГ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО РОМАНИЈАСимион водеше во предизборните анкети (Фото: Гети)

    Ултранационалистот и евроскептик Џорџе Симион победи во првиот круг на претседателските избори во Романија, покажуваат излезните анкети. Според нив, Симион ќе освои меѓу 30% и 33% гласови, па следуваат бившиот сенатор Крин Антонеску и градоначалникот на Букурешт, Никусор Дан, кои се израмнети со по 21-23% гласови.

    Триесет и осумгодишниот Симион водеше во предизборните анкети. Тој се противи на воената поддршка за Украина, жестоко го критикува раководството на ЕУ и се опишува себеси како природен сојузник на Доналд Трамп.

    Романците повторно излегоа на гласање речиси шест месеци откако врховниот суд го поништи првиот круг на изборите поради наводно руско мешање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира